Во тек се работни активности за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп, каде што е во тек реконструкција на линиската инфраструктурна градба на улицата „8 Септември“.

– Работите се изведуваат согласно со договорот, а во моментот се врши реконструкција со дислокација на мешовита канализација, од која 550 метри веќе се изведени, што вклучува: машински ископ на каналски ров, поставување песок, поставување корегирана ПЕ-канализациска цевка и насипување, како и изработка на армиранобетонски потпорен ѕид, односно ископ, вградување бетон, армирање и бетонирање темели во должина од 27 метри – вели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Во досегашниот период, реализирани се околу 20 % од вкупниот договор за проектот, и тоа: изградена е атмосферска канализација со должина од 735 метри, мешовита канализација во должина од 550 метри, водоводна мрежа во должина од 270 метри и изградба на коловоз – 8,5 % од вкупниот договор за реконструкција и доградба на коловоз.

– До средината на летото, планирано е да се изврши асфалтирање на едната (левата) коловозна лента, при што ќе може да се пренасочи сообраќајот по новоасфалтираната коловозна лента со цел побезбедно спроведување на градежните активности на десната лента, а притоа и непречено одвивање на сообраќајот – потенцира Коњановски.

ИЗДВОЕНИ