Град во Германија бара градоначалник преку оглас во весник

46

Германскиот град Вагенроге, кој се наоѓа на истоимениот остров во Северното Море, бара градоначалник преку оглас во весник, пренесува германскиот неделен магазин „Шпигел“.

Ваков оглас заеднички објавија три партии, Христијанско-демократската унија, Социјалдемократската партија и Партијата на зелените.

Со нас можете да ја обликувате иднината на оваа одговорна позиција“, стои во огласниот текст објавен на 29 март во еден локален весник.

Во наредните денови огласот ќе биде проследен и до други медиуми.

Наведени се критериумите за прв човек на Вагенроге – подготвеност за живот на островот, повисок степен на образование, пожелно искуство, како и старосната граница како што е утврдена со уставот на покраината Долна Саксонија.

Трите германски партии кои го објавија огласот наведуваат дека во Вагенрог има недостиг од квалификувана работна сила, поради што е речиси невозможно да се најдат кандидати за административни позиции.

Магазинот „Шпигел“ наведува дека овој остров веќе имал позитивни искуства со пронаоѓање функционери преку огласи, а така е пронајден актуелниот градоначалник Марсел Фангор пред седум години, по ненадејната смрт на неговиот претходник.

Заинтересираните кандидати имаат рок да се пријават до 14 јуни, а изборите за градоначалник се закажани за 17 август, јавува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ