Град Скопје: Не може да се изврши избор на нов директор на ЗОО

740

Не може да се изврши избор на нов директор на скопската Зоолошката градина во Скопје. Причината за тоа како што наведоа од Град Скопје е тоа што членовите на Управниот одбор на Зоолошката градина кои ги разгледуваат пријавите, се именувани од Владата на други позиции и поднесоа оставка на местото членови на управниот одбор, а за избор на нови членови на управен одбор одлучува Советот на Град Скопје и советниците.

Сеуште актуелниот в.д директор на Зоолошката градина, Зоран Попов вели дека од трите членови на Управниот одбор останале само еден, бидејќи едниот е назначен за директор на националната универзитетска библиотека, а другиот за директор на Домот за деца без родители „11 Октомври“.

В.д. директорот Попов го известил Градот за оваа ситуација и побарал итно да се изберат нови членови за да се овозможи нормално функционирање на установата. Тој додава дека Арсовска не можела да знае дека двајца членови од Управниот одбор ќе бидат назначени за директори на други установи, бидејќи нивното назначување се случило неколку дена откако бил распишан огласот за нов директор и дека не станува збор за никакви намерни опструкции.

На огласот што го распиша Град Скопје, единствен што се јави е поранешниот директор на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски. Тој во интервју за весникот Вечер истакна дека мотивот за повторно да се пријавам на огласот на Град Скопје за директор на ЗОО е нејзино враќање на старите патеки, враќање на достоинството на колегите и благосостојбата и условите за живот на животните.

Воедно, нагласи и да се поништи овој оглас и да се распише нов тој повторно ќе се пријави.

(А.П.)