Гори нуклеарната централа Запорожје/ВИДЕО

228

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од пожарот во нуклеарната централа Запорожје и ги повика Европа и светот да реагираат.

– Од Никопол забележавме дека руските окупатори запалија оган на територијата на нуклеарната централа Запорожје. Во моментов, нивото на радијација е во нормални граници. Но, се додека руските терористи ја држат контролата над нуклеарната централа, ситуацијата не е и не може да биде нормална. Од првиот ден на окупацијата Русија ја користи нуклеарната централа Запорожје само за да ја уценува Украина, цела Европа и светот. Чекаме светот да реагира, чекаме МААЕ (Меѓународната агенција за нуклеарна енергија) да реагира. Русија мора да сноси одговорност за ова. Само украинската контрола над нуклеарната централа Запорожје може да гарантира враќање во нормала и целосна безбедност“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „Икс“.