Гори Лос Анџелес: Пожарникарите веќе не се ни обидуваат да ги спасат куќите/ВИДЕО

285
EPA-EFE/ALLISON DINNER

Шумски пожар беснее во луксузниот дел на Лос Анџелес, уништувајќи домови додека 30.000 луѓе се евакуирани под огромните облаци чад што прекри голем дел од градот.

Изгореа најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес, меѓу Санта Моника и Малибу, соопштија властите откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар поради силните ветрови што пристигнаа по долгата суша.

Сведоци пријавија голем број на домови во пламен, кои за малку ќе ги изгореа нивните автомобили додека бегаа од ридовите на кањонот Топанга додека пожарот се прошири кон Тихиот Океан.

Пожарникарите не можат да ги користат воздушните сили поради силниот ветер, изјавила портпаролката на градот, пренесува „Индекс“.

Противпожарните екипи се борат со пожарот во Итон северно од Пасадена, кој се прошири на 400 хектари, но екстремните ветрови ги принудуваат авионите да слетаат, изјави портпаролката на градот Лиза Дердериан.

Во интервју за партнерската станица на Си-Ен-Ен, KCAL, Дердериан истакна дека објектите се загрозени и дека градските власти работат на организирање сместување и помош за евакуираните.

„За жал, ова е најлошото сценарио што се надевавме дека нема да го доживееме“, рече таа.

Во моментов, 10 зони се под наредба за евакуација, што значи дека постои „непосредна закана по животот“ и жителите мора веднаш да ја напуштат областа. Дополнителни 18 зони се под потенцијален надзор и издадено е предупредување за евакуација.

Новинарот на Си-Би-Ес Џонатан Виглиоти објави дека пожарникарите повеќе не се обидуваат да ги спасат објектите, туку само се обидуваат да спречат ширење на пожарот.

ИЗДВОЕНИ