Гори Лонг Ајленд: Прогласена вонредна состојба во округот Сафолк

94

Гувернерот на државата Њујорк, Кети Хокул, прогласи вонредна состојба во округот Сафолк поради пожарот што го зафати Лонг Ајленд, пренесоа денеска американските медиуми.

Огнената стихија не попушта, а силниот ветер, кој според прогнозите ќе трае до доцните вечерни часови, го отежнува гаснењето на пожарот, јавува ABC News (ABC News).

Извештаите потврдија дека локалните патишта на Лонг Ајленд се затворени поради пожарот, дека густ чад се шири над островот и дека населените места се во состојба на готовност.

ИЗДВОЕНИ