Ѓорѓиевски: Ова е вистински начин да им се помага на граѓаните!

41

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ја поздрави одлуката на премиерот Христијан Мицкоски за реализирање на историски најголемата инвестиција од централната власт во општините,  во вредност од 15 милијарди денари.

Тој истакна дека ова претставува значаен чекор напред во поддршката на локалната самоуправа, што директно ќе влијае на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.

Средствата ќе бидат наменети за изградба на капитални проекти, како што се училишта, градинки, паркови, водоводни и канализациски мрежи, со што ќе се решаваат долгогодишни проблеми во општините низ државата.

– Ова е вистински начин да им се помага на граѓаните. Вака се помага и се сака татковината. Петнаесет милијарди денари – историски најголема инвестиција од централната власт во општините досега – нагласи Ѓорѓиевски.

Следната недела ќе биде објавен вториот јавен повик, што ќе им овозможи на општините да аплицираат за нови проекти, надоврзувајќи се на првиот повик, при кој беа одобрени 288 проекти за 78 општини во вредност од над 73 милиони евра.

Дополнително, и преку Министерството за транспорт, отприлика околу 800 милиони денари кои се средства кои со посебна програма беа доделени за финансирање на проекти во општините.

„Kоалицијата Вреди“ очекува оваа важна инвестиција значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура. Овој чекор, според нив, е доказ за посветеноста на Владата за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.

– Ова е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво. Коалицијата ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд – велат од Вреди.

ИЗДВОЕНИ