Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски оствари средба со Дејвид Маерс, шеф на политичкиот и економскиот оддел, и Митко Бурчевски, политички асистент во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.
Од Општина Кисела Вода информираат дека на средбата се разговарало за можностите за унапредување на соработката помеѓу локалната самоуправа и меѓународните партнери, како и за можностите за реализирање на заеднички проекти со Амбасадата на САД и меѓународните организации.
Ѓорѓиевски информирал за тековните и идните проекти во Општина Кисела Вода, претставувајќи ги клучните насоки за економскиот раст, привлекување на нови инвестиции и модернизирање на општинските услуги. Говорел и за значајната улога на ЗЕЛС, како клучен партнер во развојот на локалната самоуправа во Македонија.
– Соработката со Соединетите Американски Држави како наш стратешки партнер во сите области, преку Амбасадата на САД е од стратешко значење за развојот на општините, привлекувањето на инвестиции и реализацијата на проекти од заеднички интерес. Оваа средба ја гледам како можност за зацврстување на нашите односи и отворање на нови перспективи за развој – нагласи Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека со заеднички напори, партнерства со меѓународните институции и континуирана посветеност, македонските општини можат да постигнат уште поголеми резултати. Во оваа пригода, градоначалникот, исто така му ја честитал победата на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, со надеж за понатамошно зајакнување на билатералните односи и партнерството меѓу двете земји.