Непосредно пред почетокот на кошаркарскиот Куп на Македонија, дојде до скандал на прес-конференцијата за новинари. Имено, тренерот на ТФТ Скопје, Боро Смилковски, истакна дека имал приватен облог со директорот на клубот МЗТ Скопје, Филип Ѓоревски, по што дојде демант од редовите на шампионот.

  • Од страв измислуваат работи и некаквиси облози! Прес-конференцијата пред спектаклот донесе размислувања од сите актери, меѓу кои имаше и такви што може да се сфатат како провокативни, но и измислени. Тоа, пред сѐ, се однесува на тврдењето на еден од тренерите на учесниците, кој наводно го „посакувал МЗТ во финалето“, поради наводен „приватен облог“ со директорот на нашиот клуб, што не само што не е точно туку е и ноторна лага. Од страв се измислуваат работи и се кажуваат невистини за некаквиси меѓусебни облози, од кои не само што сме изненадени туку сме и шокирани. Јас не сум човек што се наоѓа во такви дејства и навистина сум изненаден од потребата да бидам вмешан во една ваква приказна. На сето ова гледам како на невкусна шега и провокација, кажани без да се размисли не само за мојата репутација туку и за дигнитетот на функцијата што ја имам, со оглед на тоа што МЗТ е доминантен предводник во мак-баскетот, кој треба да биде пример на секое поле. Нашите размислувања се само на теренот, од натпревар на натпревар, со цел сите да го дадеме својот максимум за да дојдеме до посакуваната цел, а тоа е 13. пехар во Купот за огромна радост на цел Аеродром – изјави извршниот директор на МЗТ, Филип Ѓоревски.

ИЗДВОЕНИ