Ѓорчевски одби да му одговара на Палевски

Ниту ве знам, ниту ве познавам, за прв пат ми бевте посочени како монструм во полициска станица, беше единствениот одговор на Ѓорчевски за Палевски

3773

„Немам коментар“ беше одговорот на прашањата поставени од обвинетиот Љупчо Палевски кон таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој денеска сведочеше во Основен кривичен суд Скопје. Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што замоли веќе да не одговара на прашањата од Палевски.

Обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на Вања, одби да му одговара на прашањата на првообвинетиот Љупчо Палевски, на денешното продолжение за двојното убиство. Единствено што му одговори беше дека не го познава и оти на секое следно прашање нема да добие одговор.

„Дали сте слушнале дека сум имал комуникација со било кој член од вашето семејство?“, беше првото прашање од Палевски на кое го доби единствениот одговор од Ѓорчевски

„Јас како што кажав, ниту ве знам, ниту ве познавам, за прв пат ми бевте посочени како монструм во полициска станица, првпат ве видов тука во судница, ниту па знам човек што ве познава вас вклучително и моето семејство. И би ја искористил можноста да не одговорам на ваши прашања, инаку секое моj следен одговор ќе гласи исто“, кажа Ѓорчевски и на секое следно прашање од Палевски велеше дека нема коментар.

„Последното, колку да влезе во записник, неколку пати кажавте дека МВР се однесувала кон вас како да сте ретардиран, но и денеска видовме такви ретардирани однесувања од ОЈО? “, праша Палевски, по што го доби последното „Немам коментирам“ од Ѓорчевски.

Претходно маратонско беше испрашувањето на обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска на обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на 14-годишната Вања која беше ладнокрвно убиена на 27 ноември 2023 година. Ѓорчевски е обвинет дека го информирал првообвинетиот Љупчо Палевски дека девојчето само ќе излегува за на училиште, а неговиот мотив според ОЈО бил корист од становите кои ги поседувало семејството. Сепак, до сега ОЈО не покажа ниту еден материјален доказ со кој покажува комуникација меѓу родителот и обвинетите од партијата „Десна“, уште повеќе што признанието на Кешишев, Манев и Видевски за врската меѓу Ѓорчевски и Палевски дадено во истргата, го повлекоа со објаснување дека било изнудено со полициски ќотек. На почетокот обвинителката го прашуваше Ѓорчевски зошто тој, а не сопругата или бабите ги чувал децата? Зошто не ги носеле во градинка? Обвинетиот кој додека се присетуваше на минатото поминато со децата плачеше и воздивнуваше, рече дека неговата сопруга заработувала повеќе од него и тоа било договор меѓу нив двајцата. Од жената што кусо ја ангажирале доживеале непријатна случка бидејќи на помалата сестра и дала седатив да остане мирна. Потоа обвинителката Јосифовска имаше обид да го девалвира како личност, па го прашуваше за неговото минато со зависноста и лошото поведение. Испровоциран од прашањата, Ѓорчевски кој остава впечаток на добро подготвен во одговорите, кажа дека до петто одделение бил генијалец заедно со неговата соученичка Радмила Шеќеринска, и на двајцата сакале да им го набљудуваат мозокот поради нивната генијалност, иронично возврати Ѓорчевски. Потоа обвинителката, можеби поттикната од реакциите на јавноста во судницата на нејзините прашања, помина на денот кога била киднапирана Вања.

  • Знаевте ден претходно дека Вања треба да оди сама на првиот час, а Миња од вториот ? Да, знаев но не ден туку два дена претходно, постои доказ за тоа преписка меѓу мене и Зорица, одговори Александар.
  • И пишавте да се облечат убаво, со капа и шал, практично како за на планина, за што ги подготвувате? , праша Крстевска
  • Личи на мене, затоа што тоа утро беше најстудено од почетокот на заимата, и познавајќи ги децата нема да ме послушаат и пишав на Зорица да ги наговори да се облечат топло, со тоа не мислев во ски комбинизони, се вознемири Александар.
  • -Ако сте биле совесен како што велите за себе, зошто не ги однесовте со автомобил?, продолжи обвинителката.
  • – Помислив на тоа но Зорица имаше став дека треба да престанеме да ги размазуваме. Кога помислив да ги носам целосно имав заборавено дека Миња е од вториот час. Да тргнев да ги носам ќе се сетев на тоа, кажа Александар

Обвинителката му забелеа на брзината со која се облекол кога Зорица му се јавила дека Вања ја нема. „За вас е својствено да бидете бавен“ констатира Крстевска, на што Ѓорчевски возврати дека од многу обврски со децата. „Навремено да сменам две пелени, да ги облечам, да ја исклучам релната на која сум готвел. Откако Зорица презема половина од одговорноста за нив никогаш не сум доцнел. Што се однесува до утрото кога ме информираше и гол да се симнев пред зграда немаше да биде чудно“ рече таткото на девојчето. Обвинителката помина на неговото возење кон границата Блаце во потрага по Вања. Александар објасни дека бил поттикнат од полициските информации дека се проверуваат автомобили на граничните премини, се вратил назад бидејќи родителите на соучениците дале предлог да ги бараат снимките од камерите.

-Сте имале сценарио дека е киднапирана? Нели е чидно, праша Крстевска.

– И јас се прашувам, но во моментот кога и се исклучува телефонот и скршнува од патот до училиште се не наведува дека не е по нејзина воља и тоа со Зорица го констатиравме во 7.47 часот кога и пријавивме во полиција, а таа ги замоли колешките да објават дека Вања е исчезната, се сеќаваше Ѓорчевски и кажа дека полицијата ја интересирало колку стана имале, насочувајќи ја истрагата во погрешна насока, со претпоставки дека Вања се регрутирала во ИСИС.

-Знаев дека Вања не е сред полноќ на Водно во станот, не е во Шведска, не е на игралиште во Капиштец, не е во Тетово, како што наметнуваа инспекотрите. И Музафер (инспекторот-сведок) знаеше дека Вања не е таму. Одглуми дека бара. Јас чувствував дека имаа сомнеж во мене, се однесуваа како да сум ретррдиран, сето тоа беше глума да дознаат нешто од мене, градеа случај против мене. Не ја баравме Вања таа вечер од други причини ме натераа да се повизиме. Во ниту еден момент не сум сакал да помислам дека Вања е убиена, се вознемири Ѓорчевски.

Прашањата добија друг тек, сега поврзани со сведокот Гоце Трајковски, син на Кираца која е во роднинска врска со сопругата на Палевски. Кумашинот кој доаѓа на помош по 23 години од последното видување со Ѓорчевски, кој има „човек“ во Сејф Сити и кој го поврзува цитроенот на Панче со Вања.

–      Зошто кога ги гледавте снимките со сведокот Гоце токму цитроенот ви падна во очи, како од нигде никаде сомнително?, праша обвинителката. – Затоа што се движеше побавно од другите возила, прозорците беа замаглени, димеше од ауспухот, а времето се совпаѓаше со исчезнувањето на Вања. Се сомневаме и во едно бело комбе. Правевме фото исечоци и ги праќавме во Сејф Сити, одговри Ѓорчевски и додаде дека доколку не биле внесени регистарските таблички од возилото „ситроен” во системот на „Безбеден град” навреме, денеска во оваа судница ќе се расправаше само за убиството на велешанецот Панче Жежовски. Ѓорчевски објасни дека забележале оти цитоенот сомнително се движи по лентите на Партизанска како да добива инструкции. Од медиумите дознале дека велешанецот и исчезнат, а на моменти се сомневале дека Вања е киднапирана од него. „Како од нигде никаде сомнително, кога ви кажав колку многу снимки и заклучоци водеа кон возилото и велешанецот. Освен палевски останатите обвинети немаа прашања за Ѓорчевски. Судењето продолжува в понеделник, на 14 март, со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ