Горан Весиќ, министерот во оставка, пет дена откако го започна штрајкот со глад е видно исцрпен, а уште потешко му е што не ја ни зема пропишаната терапија. Работата да биде уште полоша, како што дознава српски од свои извори, Весиќ има сериозни здравствени проблеми, кои му биле констатирани неколку дена пред да биде уапсен.
Имено, како што произлегува од документот до кој дошле новинарите, Весиќ на 18 ноември бил прегледан во Заводот за кардиоваскуларни заболувања на Дедиње и тогаш бил упатен на хоспитализација и инвазивна кардиолошка дијагностика. Утврдено е дека, меѓу другото, има висок крвен притисок и дека боледува од ангина пекторис, а му препишале терапија со осум различни лекови. Со овие сознанија, јасно е дека здравјето на Горан Весиќ е сериозно загрозено, пишува порталот.
Поранешниот српски министер за градежништво Горан Весиќ од притвор утрово итно е пренесен во Институтот во Сремска Каменица.
По преглед од страна на специјалист, Весиќ со одобрение на судија за претходна постапка е задржан на одделението за коронарна интензивна нега во таа болница.
Српскиот парламент вчера ги констатираше оставките на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и министерот за трговија, Томислав Момировиќ, со што им заврши мандатот на таа функција.
Весиќ и Момировиќ поднесоа оставки по несреќата што се случи на 1 ноември во Нови Сад, кога се урна бетонска настрешни на железничката станица и загинаа 15 лица, а две се тешко повредени.