Горан Богдан за номинацијата за Оскар: Ова е номинација, но ние сонуваме големо

241

Филмот на Небојша Слијепчевиќ, хрватското остварување „Човекот кој не можеше да молчи“ е номиниран за Оскар во категоријата „Најдобар краток филм“.

Режисерот Слијепчевиќ откри дека кампањата за Оскар е многу интензивна.

„Кампањите за Оскар се долги, интензивни и, најважно, со оглед на тоа што е гласање, се зависи од тоа колку членови на Академијата ќе го погледаат филмот. Поддршката од заедницата, која навистина ја чувствував, е клучна во ова. Голема поддршка од сите луѓе кои се занимаваат со филмот овде и во странство, од нашите луѓе во странство“, рече Слијепчевиќ на прес-конференција, пренесуваат хрватските медиуми.

Тој исто така додаде дека некои многу познати имиња ги споделиле нивните видеа .

Многу сум им благодарен на сите што ни помогнаа да ја добиеме номинацијата“, изјави Слијепчевиќ.

Горан Богдан не можеше да ја сокрие возбудата.

„Многу сум возбуден, но сум и некако и воздржан. Тоа е само номинација, но ние сонуваме големо. Мислам дека борбата сега е да се допре до што е можно повеќе членови на Академијата за да го гледаат филмот. Одиме да се бориме“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ