Големо невреме на автопатот Штип-Миладиновци: Се чистат одрони, незначително оштетени неколку возила

266

Големо невреме вечерва има на автопатот Штип-Миладиновци. Како што може да види на објавеното видео, кај наплатната станица Кадрифаково покрај поројниот дожд имало и град.

Подружницата на „Македонија пат“, пак, информира дека поради зголемен број одрони на патот Делчево-Пехчево-Берово, екипи на претпријатието работат на нивно чистење.

„Апелираме на претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Екипите остануваат на терен до целосно отстранување на одроните“, информираа од „Македонија пат“.

ИЗДВОЕНИ