Големо дрво, попладнево падна врз автомобил меѓу зградите спроти деловниот објект „Кузман“.
Полицијата веднаш излезе на местото, а беше пристигната и екипа од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Од полицијата истакнаа дека, за среќа, нема повредени минувачи и, според првичната проверка, нема видливи оштетувања на возилото.
– Останува да се види кога ќе се отстрани дрвото, дали евентуално има некакви гребаници на возилото од гранките на дрвото – изјавија од полицијата.
Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ истакнаа дека никој не го бутнал дрвото и дека паднало само од себе.
– Полицијата направи записник, чекаме да се заврши увидот, па потоа ќе го отстраниме дрвото – објаснија од екипата на ЈП „Паркови и зеленило“.
(А.П.) Фото: П.С.