14-годишна Гостиварска пејачка Тамара Грујеска настапува на овогодишното издание на престижниот музички фестивал „Сан Ремо-Јуниор 2025“ во Италија. Тамара ќе пее во живо во придружба на оркестарот составен од 32 музичари.
По настапот на “Junior Evrosong“ во Ница, ова ќе биде втор важен меѓународен успех на гостиварката Грујеска. Покрај веќе освоените Гранд-при награди на фестивали во Русија, Србија и Грција. Овој пат во Италија ќе ја пее евровизиската победничка песна “Rise Like A Phoenix“. Својот настап ва Сан Ремо, Тамара го посветува воедно и на настраданите и нивните семејства во Кочани.
Конкуренција е многу силна, па покрај Македонија, учествуваат и: Франција, Јужна Африка, Црна Гора, Молдавија, Индонезија, Казахстан, Бугарија, Белорусија, Австралија, Италија, Украина, Бразил, Германија, Аргентина, Азербејџан, Финска, Узбекистан, Индија, Австрија, Романија, Русија, Тајланд, Ерменија и Малезија.
По Сан Ремо, а во текот на оваа година, Тамара има закажано повеќе настапи. Меѓу нив и на фестивалот во Естонија “Tallin Voice 2025“, а потоа од 1 до 5 мај на “Musicland“ во Битола, како и во Охрид од 13 до 17 август. Д.М.