Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и е потребна „нова енергија“, наредувајќи го најголемиот ремонт на владата од почетокот на војната против Русија.
-Денеска ни треба нова енергија, а овие чекори се поврзани само со зајакнување на нашата земја во различни правци, изјави Зеленски.
Украинската Рада денеска ги прифати оставките на вицепремиерката Олга Стефанишина и тројца други министри, но не и оставката на вицепремиерката Ирина Верешчук и првиот човек на Фондот за државен имот, Виталиј Коваљ.
Денешната оставка на шефот на дипломатијата Дмитро Кулеба се уште не е разгледана, додаваат претставници на власта на Телеграм.
Во следните денови се очекуваат дополнителни оставки и нови именувања, откако петмина министри вчера поднесоа оставки.