Големи поплави во БиХ: Во западните региони е прогласена вонредна состојба поради зголемувањето на нивото на реките/видео

478
Фото:принтскрин БХ МЕТЕО

Делови на Босна и Херцеговина се погодени од поплави по обилните врнежи во последните неколку дена.

Најтешко се погодени северните и северозападните делови на земјата, каде што некои градови веќе прогласија состојба на природна катастрофа и воведоа вонредни мерки за одбрана од поплави. Покрај Приједор, ситуацијата е алармантна и во Сански Мост и околните населби.

Во општина Костајница, во западна Босна и Херцеговина, е прогласена вонредна состојба, откако нивото на водата на реката Уна надмина 450 сантиметри.

Вонредна состојба за одбрана од поплави е прогласена и во Приједор, јавува Радио телевизија на Република Српска.

Гомјеница, населено место во Приједор, е под вода, за што сведочат снимките на кои се гледаат потопени куќи и автомобили.

Се гледа дека водата стигнала до половина од некои куќи, додека помошните објекти веќе исчезнале во водата.

Во овој град вчера беше прогласена вонредна состојба откако во вечерните часови вода навлегла во неколку домаќинства.

Граѓаните се евакуирани, а според порталот Приједор24 дождот продолжува да врне.

Од градската управа на Приједор соопштија дека ги чека тешка ноќ.

На Фејсбук профилот на БХ метeo објавен е снимка која покажува потопени автомобили и куќи.

„Водостојот на реките Сана и Гомјеница се покачи и реките се излеаја во населбите Гомјеница и Тукови, каде што беше поплавено пошироко подрачје. Реката Сана навлезе во населбата Тукови преку заштитен парапетен ѕид кој беше изграден и дограден на 500-годишен просек“, велат тие.

Како што е соопштено, во текот на изминатото деноноќие во градското подрачје се поплавени околу 350 станбени и помошни објекти.

Вонредна состојба е прогласена и во Лакташи, Градишка и Челинац поради зголемување на нивото на реките.

Водостојот на реката Укрина во Дервента моментално е во благо намалување.

Во градот се уште се во сила вонредните мерки за заштита од поплави.

Обилните врнежи предизвикаа зголемување на нивото на реките во Босна и Херцеговина.

Најтешка е состојбата во северните и северозападните делови од земјава.

Наставата е прекината во повеќето училишта во тој дел на БиХ.

Поради излевање на вода на коловозот и одрони, сообраќајот е во прекин на неколку патни правци во Босна и Херцеговина.

ИЗДВОЕНИ