Неколку познати фармацевтски компании известија за недостиг на лекови во последните денови. Меѓу нив се и фармацевтските гиганти како Фајзер и Баер.
Хрватската Pliva пријави недостиг од три лекови за хемотерапија: Paclitaxel Pliva 6 mg/ml (до 9 мај), Fluorouracil Pliva 50 mg/ml (до 30 октомври), Doxorubicin Pliva 2 mg/ml (до 30 септември).Причините за недостигот се поврзани со производството, што значи дека дошло до нарушување во снабдувањето со активната супстанција.
Германскиот гигант Баер пријави недостиг на лекот Verquvo 10 mg и 5 mg, кој се користи за срцева слабост. Лекот од комерцијални причини нема да биде достапен до почетокот на следната година. Од Pfizer, пак, велат дека лекот Cibinqo 50 mg за атопичен дерматитис нема залиха: ќе го нема до 31 мај, пренесуваат хрватските медиуми.
Novartis пријави недостиг на два лека за висок крвен притисок: Exforge 5 mg/80 mg амлодипин/валсартан и Exforge HCT 5 mg/160 mg/25 mg амлодипин/валсартан/хидрохлоротиазид. Овие лекови нема да бидат достапни до 31 март, а причините се поврзани со производството.
Џонсон и Џонсон, од друга страна, известуваат за недостиг на силен аналгетик кој лекува силна хронична болка, Durogesic 25, 50, 75 и 100 микрограми/час, трансдермален фластер со активната состојка фентанил. Причините се поврзани со квалитетот, а лекот нема да биде достапен до 30 септември. Инаку, фентанилот е опијат сличен на морфинот и спаѓа во група на дроги, пренесува Н1.
Белупо пријави недостиг на лекот Лидокаин хлорид Белупо 20 mg/ml, кој се користи како локален анестетик. Причините за недостигот се поврзани со производството, а нема да има до 15 април. Тука е и епилептикот Леветирацетам Белупо 500 мг: причината за недостигот е квалитетот, а лекот нема да биде достапен до 20 мај.