Страшна вест го погоди светот на спортот, откако младата швајцарска велосипедистка Муриел Фурер (18) почина по пад на трка.

За време на трката за јуниорки во Цирих (Швајцарија), таа учествувала во судир на патеката и во таа прилика се здобила со повреди на главата. Таа итно била пренесена во болница со хеликоптер, но за жал лекарите не успеале да и го спасат животот.

Потврдата за страшната вест ја даде Меѓународната велосипедска унија (УЦИ) преку официјално соопштение.

  • Со голема тага ве известуваме за трагедијата што се случи. Почина младата Муриел Фурер. Загубивме девојка на која ѝ претстоеше светла иднина. Таа доживеа пад за време на трката и сериозна повреда на главата. Беше пренесена со хеликоптер во болница во Цирих во критична состојба од каде што соопштија дека починала, се вели во соопштението.

Тие упатија порака со сочувство до нејзиното семејство и пријателите и изјавија дека нејзините роднини побарале од сите да ја почитуваат приватноста на семејството во вакви тешки моменти.

  • Нашите срца се скршени, немаме зборови. Со голема тага мораме да се збогуваме со Муриел. Изгубивме прекрасна млада дама која секогаш беше насмеана, соопштија од Швајцарската велосипедска асоцијација.

Поради се што се случи, започната итна истрага за да се открие што се случило.