Голема тепачка во НБА – исклучени седум играчи/ВИДЕО

186

Пет играчи и двајца тренери беа исфрлени по тепачката во втората четвртина за време на победата на Минесота Тимбервулфс над Детроит Пистонс во неделата вечерта.

Детроит остана без главниот тренер Џеј Бикерстаф, центарот Ајзеа Стјуарт, крилото Рон Холанд и бекот Маркус Сусер. Минесота ги суспендираше напаѓачот Наз Рид и бекот Донте ДиВинченцо, како и помошникот тренер Пабло Приџони.

„Очигледно работите отидоа предалеку“, рече Бикерстаф. „Но, она што го гледате е дека момците се грижат еден за друг, се штитат еден со друг и го чуваат грбот на своите соиграчи… Тоа се работи за кои не може да се преговара во нашата соблекувална“.

Тепачката изби на 8:36 до крајот на полувремето, додека Пистонс водеа 39:30. Стјуарт доби техничка грешка неколку моменти претходно откако силно го удри ДиВинченцо откако свиреше судијата.

Потоа Холанд направи прекршок кога ја исфрли топката од рацете на Рид во близина на основната линија.

Двајцата си разменија зборови, ДиВинченцо се приближи и го фати Холанд за дресот, а набрзо во толпата се најдоа сите 10 играчи на теренот, како и неколку тренери и членови на медицинскиот персонал.

Додека играчите се разделуваа, Бикерстаф и Приџон викаа еден на друг и мораа да бидат разделени од членовите на тимот.

Целата сцена се одвивала на само шест метри од новиот сопственик на Тимбервулфс, Алекс Родригез, кој по инцидентот се приближил од своето седиште покрај теренот и очигледно повикал помош за младиот навивач кој се нашол среде метежот.

Натпреварот имаше дури 12 технички грешки, најмногу во еден натпревар во НБА од 23 март 2005 година, според податоците на OptaSTATS.

Тимбервулфс успеаја да ја поништат раната негатива од 16 поени и да ги совладаат Пистонс со 123:104.

ИЗДВОЕНИ