Популарниот актер, пејач и поета-шоумен Раде Шербеџија кој пред неколку дена имаше многу успешен концерт во Скопје, во Македонската филхармонија, повторно е среќниот дедо. И тоа по пети пат!
Неговата ќерка Нина, сопругата на српскиот актер Филип Ѓуриќ, завчера родила здраво машко бебе. Тоа е нивното прво дете. Мајката и синчето се чувствуваат одлично. Го чекаат денот да си заминат дома, бидејќи дедо Раде е нестрплив да си го види внучето и секако да му подари не само љубов и бакнежи, туку и некои фини подароци.
Инаку, Нина и Филип се запознаа во 2014 година, а почнаа да се забавуваат во 2018 година. Во јули 2023 година, тие се венчаа во Нови Сад, каде што сега живеат и работат. Нина на свадбата носеше долга, луксузна венчаница, а тато Раде ја однесе до олтарот и ја даде на својот зет Филип, мажот на Нина. Тогаш една од фотографиите од венчавката, на која Раде ја држи за рака својата ќерка Нина, стана хит на социјалните мрежи.
Нејзините сестри Луција, Вања и Милица и братот Данило логично биле тогаш едни од највеселите на свадбата. Се било многу распеано, со многу гости од филмот, естрадата, новинарството. Во чест на својата ќерка, Раде дури и запеал не криејќи ги емоциите на еден среќен татко. Глумецот и пејачот зад себе има два брака, а и многу деца кои му се живи, здрави и емотивно се врзани за својот тато Раде.
Зетот на Раде, Филип Ѓуриќ се занимава и со педагошка работа, освен со глумата. По завршувањето на Втората гимназија во Крагуевац, се запишал на Академијата за уметности во Нови Сад, каде што магистрирал. Тука се запознава со ќерката на Раде. Воедно работи и како асистент на тој значаен српски факултет извор на многу таленти. Д.М.