Голема трагедија го погоди Кочани, а од ОЈО велат дека сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Како што велат, бројот на жртви и повредени се утврдува.
„Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, додавааѕ од ОЈО.
Над 30- на жртви во Кочани од пожарот кој избувна во раните утрински часови во дискотеката Пулс за време на настапот на групата ДНК.
Службите за спасување велат дека има многу повредени, а бројот на жртви, претежно млади луѓе кои присуствувале на концертот може да расте. Повредените се пренесуваат и во штипската болница.
Според првичните информации до несреќата дошло од светлечките ефекти, тим од јавни обвинители од Скопје се на пат кон Кочани заради обезвесување на местото и отпочнување истрага. Таму се и премиерот и министерот за полиција.