„Голема грешка“ за која Иран „ќе плати“: Кој е следниот потег на Израел?

    115

    Ситуацијата на Блискиот Исток е на работ на хаос. Во вторникот Иран изврши масовен балистички ракетен напад врз Израел, а израелските воздухопловни сили извршија нов ракетен напад врз Бејрут. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот изјави дека нападот на Иран врз неговата земја не успеал и вети дека ќе возврати.

    Исто така, Нетанјаху оваа ескалација ја опиша како „голема грешка“ за која Иран „ќе плати“.

    Кој би можел да биде следниот потег на Израел?

    Како што пишува дописникот од Блискиот Исток Јоланд Кнел за Би-Би-Си, една од можностите е Израел сега да изврши воздушни напади против Иран. Постои можност израелските сили да таргетираат локации што се користат за иранската нуклеарна програма – многу опасна мисија што израелската војска одамна ја планираше.

    Огромната регионална војна од која многумина се плашеа откако милитантите на Хамас го нападнаа Израел пред речиси една година, сега изгледа уште поверојатна.