Епидемија на овци и кози: Во Грција се уништуваат илјадници домашни животни

205

Властите во Грција најавија ограничувања низ целата земја за борба против смртоносната вирусна епидемија што се заканува на домашната сточарска индустрија.

Епидемија на чума на овци и кози, позната и како Песте дес Петитс Руминантс, или ППР, за прв пат е откриена на 11 јули во регионот Тесалија, централна Грција, и е многу заразна за овците и козите, но не влијае на луѓето.

Министерот за земјоделство Костас Циарас воведе забрана за движење на кози и овци низ целата земја за да се спречи ширењето на болеста и да се искорени чумата.

Грција потврди 22 случаи на чума кај животните, од кои 20 се откриени во Тесалија, Централна Грција, еден во Коринт, Пелопонез и еден во Атика.

Според европските упатства, сите животни во погодените единици мора да бидат уништени, проследено со дезинфекција и карантин.

Над 10.768 животни се заклани, откако првиот случај беше откриен во јули и се очекува наскоро да бидат убиени уште 2.000.

Фармерите и официјалните лица рекоа дека болеста најверојатно била донесена во земјата од увезена стока.

  • Мерките кои се во сила од минатата недела во однос на транспортот, движењето и колењето на животните ќе бидат продолжени за уште една недела и мислам дека ова ќе биде навистина важен чекор, бидејќи транспортот на животните е тој што претставува најголем ризик за ширење на болеста, рече Костас Цијарас, министер за земјоделство.