Рускиот претседател Владимир Путин, го одликуваше чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, со Орден за заслуги за татковината, соопшти денеска чеченскиот министер за национална политика, надворешни работи и информации, Ахмад Дудаев.
Според Дудаев, орденот на Кадиров му е доделен за исклучителен придонес во зајакнувањето на руската државност, зголемување на нејзините одбранбени способности, како и за значајни достигнувања во социо-економскиот развој на Чеченија, пренесе РИА Новости.
Церемонијата на доделувањето се одржа во Кремљ.