epa11414083 Ukrainian President Volodymyr Zelensky (R) welcomes Federal Chancellor Olaf Scholz of Germany during the Summit on Peace in Ukraine, in Stansstad near Lucerne, Switzerland, 15 June 2024. International heads of state gather on 15 and 16 June at the Buergenstock Resort in central Switzerland for the two-day Ukraine Peace Summit. EPA-EFE/ALESSANDRO DELLA VALLE / POOL EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY

Таканаречената „семафорска коалиција“ составена од социјалдемократите (СПД), Зелените и либералите (ФДП), се распадна еден ден по изборот на Доналд Трамп, во време на голема меѓународна неизвесност, кога се поставува прашањето за тоа како работите ќе изгледаат под претседателството на Трамп.

Не е случајно. Социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц, го отпушти министерот за финансии Кристијан Линднер од ФДП поради непомирливи позиции за буџетски и економски прашања. Спорот има силна надворешнополитичка димензија која е директно поврзана со претседателските избори во САД.

Конкретно, главното прашање беше дека Шолц сака да преземе дополнителен долг за поддршка на Украина, бидејќи очекува Трамп како претседател значително да ја намали или целосно да ја прекине американската помош за Киев. Шолц сака да прогласи вонредна состојба со цел да се заобиколи „сопирачката за долг“, правило кое забранува задолжување и е запишано во германскиот устав. Линднер не сакаше да учествува во тоа.

Голем консензус во надворешната политика

Заменик-канцеларот Роберт Хабек и министерката за надворешни работи Аналена Бербок, двајцата од Партијата на зелените, изразија жалење за неуспехот на коалицијата, особено во контекст на изборната победа на Доналд Трамп и ситуацијата во Украина. Би било неопходно да се мобилизира поголема поддршка за Украина, рече Бербок во средата навечер, додавајќи: „Инвестицијата во Украина, дополнителните милијарди што ќе бидат потребни, исто така ќе бидат инвестиција во нашата сопствена безбедност“.

Засега социјалдемократите ќе продолжат да владееат во соработка со Зелените, но без ФДП. Во јануари е планирано да се постави прашање за доверба на владата во Бундестагот. Најдоцна до крајот на март во Германија најверојатно ќе се одржат предвремени избори. Тоа значи дека може да поминат и до шест месеци пред Германија да добие нова, функционална влада.

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) смета дека ова е предолго. Експертот за надворешна политика на демохристијаните, Јохан Вадефул, пишува за Дојче веле: „Го  повикуваме канцеларот следната недела да изгласа недоверба во Бундестагот и со тоа да овозможи нови избори. Тоа е неговата последна шанса да покаже одговорност кон Германија. Не можеме да си дозволиме да биде неспособен за дејствување“.