Голема полициска акција поврзана со тендери спроведувани од РЕК Битола се спроведува во Македонија. Претреси, одземање на документација, распити се само дел од дејствијата, кои неофицијално, ќе се преземат во текот на денешниот ден, а започнале од рано утринава.
За скандалите во РЕК Битола, често говореше ВМРО-ДПМНЕ од опозиција, а кога дојдоа на власт, рекоа дека ќе расчистат со скандалите. Претреси има во домови и канцеларии на лица кои се поврзувале со спроведувањето на тендерите и челниците на комбинатот.
Според неофицијалните информации десетина лица се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино.
Според дел од медиумите истрагата опфаќа 25 субјекти, од кои 23 се физички лица, а две се правни лица. Акцијата се спроведува во неколку градови, вклучувајќи Битола, Велес, Кичево и Скопје. Меѓу уапсените, според медиумските објави е и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.
Скандалите за кои досега се зборуваше беа за злоупотреби на службена положба, финансиски манипулации, и пренасочување на средства кон блиски компании, што ја компанијата но и државата оштетување со милионски цифри.