Голем шумски пожар избувна во шумска област јужно од Агиос Никитас, на островот Лефкада, што предизвика евакуација на блиската населба, пренесува екатимерини.
Поради близината на огнениот фронт до Агиос Никитас, системот за итни случаи 112 издаде наредба за евакуација непосредно пред 18 часот, предупредувајќи: „Ако сте во областа на Агиос Никитас, евакуирајте се кон Лефкада. Следете ги упатствата на властите“.
Според противпожарната служба, засега нема извештаи за штета или непосредна закана за домови.
На терен со огнената стихија се борат 34 пожарникари, поддржани од 10 возила и еден хеликоптер.
Според ажурирањето од противпожарната служба во 18:40 часот повеќекратните расфрлани огнени фронтови и силните ветрови ги попречија напорите во областа.