
Илјадници луѓе се на улиците протестирајќи против приведувањето на градоначалникот Екрем Имамоглу и бараат негово ослободување.
Најголемата опозициска партија во Турција, ЦХП, одржува голем протестен митинг во Истанбул, пренeсе Ал Џазира.
Илјадници луѓе се на улиците протестирајќи против приведувањето на градоначалникот Екрем Имамоглу и бараат негово ослободување.
Тој е претседателски кандидат на опозицијата, а беше приведен на 19 март под обвинение за корупција, што предизвика масовни антивладини протести и доведе до апсења низ целата земја.
Турските власти се соочуваат со бран протести по ова апсење, а властите забранија собири во неколку поголеми градови во земјата и објавија дека од почетокот на протестите уапсиле речиси 2.000 луѓе.
Од почетокот на антивладините протести во Турција, уапсени се неколку домашни и странски медиумски работници.
Шведски новинар беше уапсен поради наводна навреда на претседателот на Турција, по што реагираше и шефот на дипломатијата на земјата.
Покрај него, приведен, а потоа депортиран е и новинар на Би-Би-Си кој известувал за протестите.
Седум турски новинари исто така беа уапсени, а потоа ослободени.
Демонстрантите и опозициските пратеници одржаа протест пред седиштето на владината организација за надзор на медиумите во Анкара на 27-ми март, по одлуката за парична казна на четири телевизии за известување за притворот на градоначалникот.