Пожар избувнал вчера во три часот по полноќ во дуќан за облека во приземје и се проширил на горните катови на станбена зграда во скопската населба Карпош 4, на улица „Разловечко востание“. Соседите по пижами излегле долу пред влезот и чекале додека да дојдат пожарникарите и полицијата, кога им било дозволено да влезат во своите домови и да го земат неопходното.
Нема жртви, но пожарот предизвикал голема штета во зградата, а оштетени биле и автомобили. Чадот ја поцрнел фасадата и се проширил низ целата вертикала на четирикатницата со поткровје. Во зградата сѐ уште нема парно, струја и вода.
Според очевидци, пожарот брзо се раширил, иако имало експресна реакција од Противпожарната бригада.