Ноќеска околу 3 часот по полноќ во Диско клубот Пулс во Кочани nа концерт на групата „ДНК“ се запали дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во моментот на избувнувањето и ширењето на пожарот, дискотеката била полна со луѓе.
Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови. Бројот на жртви засега никој него знае, се спомнуваат 20, 30 па и 50 жртви. Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината, како и возила и медицински екипи. Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани, се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК, пренесе Телевизија Кочани.
„Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид.
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, велат од Обвинителството.