Големиот пожар кој денеска избувна на планината Требевиќ над Сараево уште не е ставен под контрола, потврдија од Територијалната противпожарна единица Источно Сараево за порталот Klix.ba.
Според најновите информации, пожарот се шири континуирано и веќе има зафатено значаен дел од шумското подрачје на оваа планина која се наоѓа во непосредна близина на главниот град на Босна и Херцеговина.
„Во моментот трае интензивна борба да се спречи ширење на огнената стихија кон станбените објекит“, изјавија пожарникарите на терен, нагласувајќи дека ситуацијата уште не е под контрола.
На терен се бројни пожарнкарски екипи кои вложуваат максимални напори во гасењерто на пожарот. Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната, а истражни акции ќе бидат спроведени по локализирање на пожарот.