Голем пожар избувна денеска во магацин за апарати за домаќинство во францускиот град Обервиље, но нема повредени, јавија француските медиуми.

Во гаснењето на пожарот учествувале дури 136 пожарникари со 29 возила, јави телевизијата „Бфмтв“.

Пожарникарите во текот на попладневните часови успеаја да го стават пожарот под контрола и да го локализираат.

ИЗДВОЕНИ