Голем парк со површина од 1.000 м2 ќе „никне“ во Хиподром 2

39

Жителите на новата населба Хиподром 2 ќе добијат голем голем парк кој ќе биде со површина од 10.000 квадратни метри.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на Фејсбук најави дека се започнати активностите за негово уредување. При тоа, информира дека освен зеленило на жителите ќе им бидат на располагање и терени за рекреација и спортување.

-Продолжува нашата грижа кон животната средина, а дополнително создаваме простор на на кој граѓаните ќе имаат можност да спортуваат и рекреираат  – изјави Стефковски.

Тој додава дека во паркот ќе се постави и урбана опрема и нови садници на дрвја, а ќе се изгради и спортски терен за кошарка, како и фитнес зона на отворено.

Стефковски посочува дека ова не е прв голем парк кој го гради Општината. Изминатиот период нови зелени паркови се изградени во Триангла и Ченто.

Според него, Општина Гази Баба и во следниот период ќе продолжи со мапирање во населените места со цел изнаоѓање на нови просторни капацитети за подигање зелени површини.