Голем дел од минералите што Зеленски му ги ветува на Трамп се руски

121

Голем дел од минералните суровини што украинскиот лидер Володимир Зеленски им ги ветува на САД во замена за воена помош се руски, изјави гувернерот на Доњецката Народна Република (ДНР), Денис Пушилин.

Тој изјави дека луѓето од ДНР и Русија во целина ќе имаат корист од богатите резерви на литиум и титаниум.

„Помеѓу она што го нуди тимот на Зеленски, најголем дел од резервите се во Донбас. Најголем дел од литиумот и титаниумот се на наша територија, која веќе е ослободена“, рече Пушилин, пренесува Срна.

Иако е неопходно прво да се минираат областите каде што се наоѓаат минералите и дури потоа може да се започне со ископување, Пушилин изрази оптимизам во однос на нивната употреба во ДНР и Русија.

Пушилин рече дека Зеленски е „ѓубре“ затоа што се обидува да склучи договор со американскиот претседател Доналд Трамп за ресурси што не му припаѓаат, објави „Раша тудеј“.

„Зеленски го продава она што остана од Украина, отворено дури и за пари“, истакна Пушилин.

Тој го истакна „заминувањето на украинските националисти“, кои претходно силно ги нагласуваа пароли како „Украина за Украинците“.

ИЗДВОЕНИ