EPA-EFE/TANNEN MAURY

Поранешниот деветти пик на драфтот, Кевин Нокс, наскоро би можел да го засили Голден стејт. Според реномираниот новинар од „Атлетик“, Шемс Шаранија, Нокс се согласил на едногодишен договор со „воините“.

Минатата сезона играше за Детроит Пистонс, каде што за 18 минути на теренот имаше просек од 7,2 поени.

Нокс беше избран како деветти пик од Њујорк Никс во 2018 година и таму помина четири сезони. Потоа играше кратко за Аталанта Хокс, Детроит Пистонс и Портланд Трејл.

Следеше враќање во Детроит каде ја мина претходната сезона, но годинава е без ангажман.