„Golden Rock Swings“ е насловот на концертот што Националниот џез оркестар заедно со солистите Бранислав Николов (Пијан славеј, Фолтин), Џон Илија Апелгрен (џез вокалист) и Светлана Јовановска (џез вокалистка) ќе го одржат на 30 ноември, со почеток од 20 часот, во македонската Филхармонија.
Поточно, љубителите на рок и џез музиката, ќе имаат можност да уживаат во композиции од албумот на Пол Енка „Rock Swings“, а пак, гостите вокалисти на концертот ќе изведат по неколку нумери.
На концертот, на кој диригентската палка ќе ја држи маестро Џијан Емин, ќе бидат изведени легендарни рок композиции во сосема ново светло, со виртуозни џез аранжмани.
Ова беше најавено на денешната прес-конференција од директорот на Националниот џез оркестар, Гоце Стевковски.
Од Националниот џез оркестар најавуваат гламурозен концерт, односно уникатно музичко доживување кое ќе ги спои рок хитовите со магијата на џезот.