Допинг скандалот со светскиот тениски рекет број еден Италијанецот Јаник Синер не стивнува. Асоцијацијата на професионални тенисери, чиј основач е Новак Ѓоковиќ, смета дека тоа е претерано и дека жртва е самиот Италијанец.
„Анти допинг системот треба да ги опфаќа прекршителите, оние кои се допингувале“ напиша на Твитер, меѓу другото, Ахмад Насер, извршен директор на асоцијацијата.
„Допингувани се оние кои се обидуваат да го подобрат својот перформанс земајќи нелегални супстанци. Тоа не треба да се меша со оние кои случајно грешат, земаат небитна доза, супстанци кои воопшто не го подобруваат перформансот…“, додава тој.
А токму во таа категорија спаѓа Синер. Кај него во организмот е пронајден мал дел кој му бил пренесен по грешка од физиотерапевтот.