epa11825550 Novak Djokovic of Serbia celebrates after defeating Jaime Faria of Portugal during their second round Men's Singles match at the 2025 Australian Open at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 15 January 2025. EPA-EFE/LUKAS COCH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е сопственик на уште еден рекорд кога станува збор за грен слем турнирите. Мечот против Жаиме Фарија на Австралија опен , во кој Србинот славеше со 6:1, 6:7, 6:3, 6:2 беше 430 за него на најважните турнири на АТП турот со што го остави зад себе Роже Федерер, досегашниот рекордер во овој параметар.

На овие 430 натпревари, Ѓоковиќ има 379 победи и 51 пораз. До рекордот, тој дојде на грен слемот во Мелбурн каде е рекордер со 10 трофеи и каде го освои првиот пехар на овие турнири, во 2008 година.

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше над јапонскиот тенисер Јошихито Нишиока, кого го доби со 3:0 во сетови. Шпанецот беше доминантен, славеше со 6:0, 6:1 и 6:4. Во следната фаза на Австралијан Опен, Алкараз ќе игра со Португалецот Нуно Боргес кој исто така со 3:0 во сетови во Мелбурн го исфрли домашниот ас Џордан Томпсон (6:3, 6:2, 6:4).

ИЗДВОЕНИ