
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, му даде поддршка на Аргентинецот Федерико Агустино Гомез, кој откри дека планирал да се самоубие. Гомез во моментов се наоѓа на 135. место на АТП-листата, а преку социјалните мрежи откри дека има психички проблеми.
Ѓоковиќ реши да му испрати порака преку социјалните мрежи и да му даде поддршка на неговиот колега.
„Напред пријателе, секогаш има светло на крајот на тунелот“, напиша Ѓоковиќ.