Најдобриот тенисер на денешницата Србинот Новак Ѓоковиќ, повеќе од очекуваното се измачи против дебитантот Нишеш Басавареди во првото коло на грен слем турнирот Австралија опен, но славеше со 4:6, 6:3, 6:4, 6:1.
Првиот светски рекет Јаник Синер, ја исполни својата цел и се пласира во второто коло на Австралија Опен без преголеми потешкотии. Италијанецот беше подобар од Николас Јари со 3:0 за час и 42 минути.
Изненадување приреди Алекс Микелсен, бидејќи во четири сета го исфрли Стефанос Циципас (3:1). Американецот го надигра грчкиот фаворит и зеде голем скалп на стартот на турнирот. Првите два сета Микелсен ги доби со 7:5 и 6:3, а потоа Циципас врати со 6:2. Сепак, во четвртиот одново Американецот беше подобар и со 6:4 за два часа и 45 минути го затвори мечот во своја корист.
Миленикот на австралиската публика, секогаш интересниот и контроверзен Ник Кирјос го заврши настапот на Австралија опен уште во првото коло. Кирјос немаше сили против Џејкоб Фернли од Шкотска, кој мечот го доби со сигурни 3:0, иако се водеше голема борба во сетовите. Омилениот тенисер на австралиската публика пружи битка, меѓутоа не успеваше да го материјализира тоа.
Првиот сет Фернли го доби со 7:3 во тај-брејкот, вториот го реши со еден брејк и 6:3. Веќе во третиот борбата продолжи со по еден одземен сервис и одново се играше тај-брејк кој Шкотланѓанецот го доби со 7:2.
Во второто коло се пласираа и Тиафо, Карбаљес Баена, Боргеш, Марошан, Дакворт, Томпсон…