epa11848972 Novak Djokovic of Serbia gestures after retiring in a semifinal match of the Australian Open against Alexander Zverev of Germany at Melbourne Park in Melbourne, Australia 24 January 2025. EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Мастерсот во Монте Карло е првиот голем турнир откако беше откриено дека тенисерите испратиле писмо на адресите на сите четири грен-слем турнири со неколку барања, од кои најважно е зголемување на паричните награди. Се проценува дека играчите добиваат само околу 15 отсто од профитот на четирите најголеми натпреварувања, додека на другите турнири тој процент се искачува до 30.

Каспер Руд, на пример, истакна дека САД Опен минатиот септември заработил околу 500 милиони долари, а наградниот фонд бил околу 70 милиони.

Затоа на медиумските конференции во Кнежеството едно од најважните прашања беше токму ова писмо од најдобрите светски тенисери. Се потпишаа сите од првите десет на АТП турнејата, додека меѓу тенисерките тоа го направи само Јелена Рибакина.

– Расположението е дека треба да победуваме на грен-слемовите колку што победуваме на другите турнири – им посочил Ѓоковиќ на мала група новинари во Монте Карло, а тоа се проценува на 30 проценти. Тоа значи дека премиите треба да се удвојат, бидејќи сега се околу 15 проценти. Се надеваме дека овие турнири ќе реагираат позитивно и ќе ги повикаат играчите на разговор, бидејќи тоа е тема која многу не засега. Зголемувањето нема да се случи преку ноќ, туку тоа е сосема логичен развој на ситуацијата и најдоброто сценарио.

Како што пишува „Тенис мајорс“, најдобриот светски тенисер се осврнал и на друго барање – учество во одлучувањето.

– Играчите сакаат да имаат улога во менувањето на правилата и слично. И ние сакаме да поставуваме прашања, да бидеме дел од тие разговори, да има наши претставници на нив. Тоа е многу важно бидејќи нè засега  – објасни тој.

На оваа тема освен Ѓоковиќ зборуваа уште неколку играчи.

Бранителот на титулата Стефанос Циципас вели:

– Тенисерите мора да бидат единствени. Понекогаш имам чувство дека тенисот нè дели и мислам дека треба да бидеме обединети. Треба да го добиеме она што е фер. Немам фигури во мојата глава, но сигурно е дека сегашните награди не се ни приближни до она што треба да го добиеме. Тоа е многу очигледно и не разбирам како тоа веќе не се случило.

 

ИЗДВОЕНИ