Новак Ѓоковиќ се уште ја влече траумата од 2022 година, кога беше депортиран од Австралија и не му беше дозволено да се натпреварува на првиот Грен слем во сезоната.
Ѓоковиќ не се вакцинираше против коронавирусот, чија пандемија во 2022 година беше главна тема ширум светот, за што му направија огромен проблем во Австралија, од која на крајот беше депортиран поради многу непопуларната одлука на надлежните.
Новак беше задржан во хотел во Мелбурн со денови пред да биде депортиран. Српскиот тенисер таму бил лошо третиран и мисли дека таму добил труење со храна.
„Кога се вратив дома имав здравствени проблеми и сфатив дека сум отруен од храна во тој хотел во Мелбурн! Никому не кажав јавно, но кога се вратив во Србија открив високо ниво на тешки метали во себе. Имав „високо ниво на олово и жива“, изјави Новак во интервју за „GQ“.
Локалното Министерство за внатрешни работи соопшти дека од безбедносни причини не можат да коментираат поединечни случаи кога биле контактирани за наводите на Новак, пишува веб-страницата GQ.