Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со свирежи беше испратен од „Род Лејвер Арена“, откако го предаде полуфиналето на Австралија Опен. Седмиот тенисер во светот го загуби првиот сет по тај-брејк во дуелот со Германецот Александар Зверев по нешто повеќе од 80 минути игра, по што реши да го предаде мечот.
Тоа не им се допадна на фановите на трибините, очигледно незадоволни што платиле билет и наместо најавениот маратон, добиле само нешто повеќе од еден час програма.
Зверев застана во одбрана на Ѓоковиќ заради свирежите:
„Не почитувам никого повеќе од Новак. Не смеете да исвиркате некого како Ѓоковиќ“, порача Германецот.
Српскиот тенисер ги слушна свирежите од трибините и ги поздрави оние кои ги упатија кога си замина.
Not how we wanted your campaign to end, @djokernole.
Thank you for another wonderful Australian summer. Well played and best wishes for a speedy recovery.#AO2025 pic.twitter.com/d5VJ6YNBeN
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2025