Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и честиташе на Романката Симона Халеп за одличната кариера откако таа објави дека се повлекува од професионалниот тенис.
Халеп по поразот во Клуж реши да стави крај на својата блескава кариера, која неодамна беше оцрнета со допинг скандал.
„Честитки за одличната кариера Симон“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм со емотикони од аплауз и кренати раце.
Халеп беше светски рекет број еден во светот, освојувајќи го Ролан Гарос во 2018 година, Вимблдон во 2019 година…