Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, е на два чекори до својот стоти АТП трофеј, откако обезбеди пласман во полуфиналето на мастерсот во Мајами со победата од 6:3, 7:6 над Себастијан Корда.

Тој немаше многу проблеми да шпбеди во овој дуел, а во битката за финале ќе се сретне со Бугаринот Григор Димитров. Овој меч интересно и официјално ќе го собори рекордот како најстаро мастерс полуфинале во историјата, бидејќи Димитров и Ѓоковиќ заедно имаат 71 година.

Иако се добри пријатели, најтрофејниот тенисер на сите времиња истакна дека на теренот приказната ќе биде поинаква и дека посакува нова победа за пласман во финалето.

Организаторите решија овој меч да биде прв на програмата, па Србинот и Бугаринот ќе излезат на терен околу 20:00 часот по средноевропско време. Во второто полуфинале во Мајами се среќаваат Фриц и Меншик.

ИЗДВОЕНИ