
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ разговараше со шпанските новинари во пресрет на доделувањето на наградите „Лауреус“ во Мадрид. Наградата за најдобар спортист на светот му припадна на шведскиот атлетичар во дисциплината скок со стап, Арманд Дуплантис, а наградата му ја врачи токму најдобриот тенисер на сите времиња.
Пред церемонијата, Новак се присети на претходната година, во која освои злато на Олимписките игри, победувајќи го Карлос Алкараз во финалето.
“Тоа е најголемиот успех во мојата кариера. Тоа е за мојата земја, на Олимписките игри, кои се случуваат само на секои четири години. Целата историја на овој турнир, три полуфиналиња. На 37 години, во Париз, со сопругата и децата. Беше како на филм. Никогаш не сум имал такво чувство како тогаш на теренот”, изјави Ѓоковиќ.
Тој беше прашан и уште колку долго ќе биде присутен на тениските терени.
„Не знам колку ми остана. Знаете ли вие? Немам поим“, истакна Новак.
Новак оваа недела игра на Мастерсот во Мадрид.
Во првото коло е слободен, а во второто оди кај победникот од дуелот меѓу Матео Арналди и квалификантот.
😱 ¡@DjokerNole habla sobre su retiro! pic.twitter.com/ptSzIQJ5r1
— Diario AS (@diarioas) April 21, 2025