„Ѓоковиќ го потврди почетокот на пензионирањето“. Ова е насловот што го објави еден шпански портал за српскиот ас Новак Ѓоковиќ.

Нивните анализи не се само поради неговите години (37), туку поголем фокус е на ставен на тоа што се повлече од турнирот во Мајами.

Очекувано, оваа информација привлече големо внимание бидејќи никој не знаеше за овој детаљ, ниту пак Новак спомна дека не игра на Флорида. Тие ја искористија најавата на српскиот тенисер од минатата година во која напиша дека нема да игра на тоа натпреварување. Но, тој твит јасно покажува дека датумот е 16 март 2024 година, со што Шпанците само се усрамија бидејќи не го провериле тој детаљ.

Тоа се работи кои лесно се гледаат и проверуваат, на крајот на краиштата се пишува на самата објава. Не се ни мачеа да погледнат.

  • Не се знае дали воопшто ќе игра на Индијан Велс откако беше елиминиран рано на турнирот во Доха, се наведува во текстот.

Уште еден детаљ што не го проверија, бидејќи и организаторите на турнирот и самиот Ѓоковиќ објавија фотографија со која потврдија дека ќе игра на првиот од двата Мастерса во САД. Инаку, Индијан Велс ќе се одржи од 5 до 16 март, а Мајами од 19 до 30 март.

ИЗДВОЕНИ