Ѓоковиќ ги поддржа протестите: „Историја, величествено“!/ФОТО

1148

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се огласи на својот Инстаграм профил среде големиот протест на кој стотици илјади српски граѓани оваа сабота излегоа на улиците на Белград.

Студентските протести во Србија наидоа и на негово одобрување. Ѓоковиќ денеска повторно застана на страната на студентите.

На првата фотографија, покрај панорамската снимка од Белград, пишуваше „Србија“ со три емотикони од српското знаме, додека на втората беше прикажан центарот на Белград со натпис „Историја, величествено“.

Инаку, Ѓоковиќ јавно се обрати на студентските протести во јануари, по победата на Австралија опен. Потоа со маркер на камерата напиша „За Соња“, студентката која беше повредена на тротоар од возач на автомобил. Потоа присуствуваше на кошаркарскиот натпревар помеѓу Црвена Звезда Белград и Партизан, а на истиот присуствуваше облечен во маица со натпис „Студентите се шампиони“(Students Are Champions).

ИЗДВОЕНИ