Нема дилема, барем за нас балканците, за тоа кој е најдобтиот тенисер во историјата. Србинот Новак Ѓоковиќ постави стандарди во тенисот и рекорди во спортот кои веројатно никогаш нема да се соборени. Не се работи само за неговите 24 грен слем трофеи, ниту за тоа што игра на врвно ниво веќе 20 години, ниту за фактот дека го освоил секој можен медал, вклучувајќи го и олимпискиот, туку успеа целосно да се надмине себеси.
Оваа приказна е за успехот на Новак и неговите победи против самиот себе, за неговото храбро соочување со проблемите што понекогаш го ставаа во австралиски притвор, а понекогаш го тераа буквално да колабира на земја од мачнина.
Добро е познато дека на почетокот на кариерата минуваше низ големи здравствени проблеми, со тоа што понекогаш не можеше физички да издржи натпревар, иако беше одлично подготвен. Сето ова го откри во својата книга „Сервирај за победа, каде раскажа како поминал низ тешкотиите што ги имал во текот на кариерата.
- Тогаш кога почнав да се искачувам кон врвот, го допрев дното. Имав 19 години и бев непознато дете од земја разурната од војна, кое одеднаш се појави на професионалната сцена. Имав серија од девет победи и требаше да го преземам водството во финалниот натпревар од Отвореното првенство на Хрватска во Умаг во 2006 година. Публиката беше на моја страна, тимот ме бодреше. Меѓутоа, јас не можев да го слушнам тоа. Слушав само шум во мојата глава. Се што чувствував беше само болка. Нешто ми го запуши носот, градите ме стегаа, нозете ми беа како олово. Погледнав преку мрежата во мојот противник Станислас Вавринка. Погледнав во трибините, каде што седеше мајка ми. И тогаш одеднаш, гравитацијата ме повлече на црвената земја и погледнав во широкото хрватско небо додека градите ми се ширеа. Проклетство – таа таинствена сила без предупредување повтоерно ме нападна, напиша за тоа време Ноле.
Ситуацијата била крајно драматична, а таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ веднаш дотрчал до него.
- Татко ми Срѓан истрча на теренот со докторот, ме фати за раце и ме крена, а потоа ме седна на столчето до теренот. Ја погледнав мајка ми, која лелекаше на трибините и знаев – овој турнир заврши. А можеби и мојот животен сон заврши, додава Србинот во својата книга.
Во најважниот момент во животот на Новак се појави експертот за исхрана Игор Четојевиќ. Го гледал страдањето на Новак на телевизија и брзо му станало јасно дека нешто треба да се промени што е можно поскоро.
- Сопругата ми рече дека треба да му помогнам на Ноле, бидејќи тој има проблеми со алергија, изјави Четојевиќ.
Тие првпат се сретнале во јули 2010 година во Сплит, откако Ѓоковиќ буквално повраќал меѓу сетовите и се борел да дише на Австралија Опен.
- Почнав да го учам Ноле на едноставни работи, како да избегнува да јаде и да зборување на телефон во исто време. Така ја игнорирате храната, која е клучна за животниот процес воопшто, вели Четојевиќ, кој студирал медицина во Сараево.
Новак почнал многу добро да реагира на терапијата, му се вратил апетитот, стомачните проблеми и повраќањата исчезнаа. Новак Ѓоковиќ, во соработка со Четојевиќ, најде инспирација да почне да ја презема целосната одговорност за тоа што и како внесува во своето тело.
- Го започнувам денот со топла вода и лимон, за да му помогнам на моето тело да ги исфрли токсините. Веднаш потоа мијам сок од целер на празен стомак. Потоа правам пауза, па зимам зелено смути. Исто така, јадам многу овошје во првиот дел од денот, салати… Не сакам да јадам храна која бара многу енергија за варење, особено кога ми е потребна светлина во денот. Јадам киноа, слатки компири, обични компири, варени или на пареа, објасни еднаш Новак Ѓоковиќ.
Новак во својата книга нагласува дека не постои универзално правило, ниту дека неговата исхрана е применлива за секого. Како и во сè што прави, Новак им служи како пример на сите да вложат труд пред се во себе и да останат посветени на се што прават.